1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либанската влада нареди акција против Фатах Ал Ислам

22 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anwa

Либанската влада им нареди на своите безбедносни сили да ја уништат исламистичката група Фатах Ал Ислам. Војната на терористите мора да биде запрена – беше истакнато по средбата на владиниот кабинет со која претседаваше премиерот Фуад Сињора . Либанските војници и радикалната шиитска милиција трет ден по ред на северот од Либан водат жестоки борби. Од избивањето на борбите во тамошниот палестински бегалски камп Нахр Ал Баред загинаа најмалку 80 лица а голем број се повредени. Портпарол на екстремистите се закани со граѓанска војна, доколку доколку не биде ставен крај на опсадата на бегалскиот камп.