1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ленс Армстронг се повлекува како непоразен шампион

25 јули 2005

Ленс Армстронг победи на 92-то издание на Тур д’Франс и со 7-от триумф на најпознатата велосипедска трка во светот и’ стави крај на својата спортска кариера. Шпанецот Фернандо Алонзо, возач на Рено, на најдобар пат кон својата прва титула светски првак во автомобилизам формула 1. Два сребрени медала за германските претставници на светското првенство во пливање во Монтреал и прв светски рекорд – тоа би биле

https://p.dw.com/p/Aekj
Круна на величествената спортска кариера: Ленс Армстронг со победничкиот пехар на Тур д’Франс.
Круна на величествената спортска кариера: Ленс Армстронг со победничкиот пехар на Тур д’Франс.Фотографија: AP

�астаните што беа во фокусот на вниманието на спортски план во деновите на изминатиот викенд.

Американецот Ленс Армстронг го постигна она, што досега не му успеа никому: тој победи по седми пат и тоа последовно на Тур д’Франс, со само една освоена етапа – и тоа кога веќе беше јасно дека е недостижен во генералниот пласман. До триумфот стигна со изненадувачка леснотија: беше одличен во возењето на хронометар, во ридските етапи без проблем успеваше да се справи со секој обид за напад од страна на конкурентите, не го попречуваше ни слабиот ден на колегите од својот тим.

Армстронг од 1993-та година учестуваше вкупно 11 пати на Тур д’Франс: во периодот од 1999-та година наваму првото место беше како резервирано за него, оствари 22 етапни победи – без екипните возења на хронометар. Во меѓувреме, во 2001-ва победи и на трката Околу Швајцарија, во Сиднеј пред 5 години го освои бронзениот олимписки медал во возење на хронометар, претходно во ’93-та година стана светски првак во друмско возење на шампионатот во Осло. Но, неговата најголема победа секако ја постигна против подмолната болест, ракот, што го нападна на крајот од 1996-та година. Тоа како да му даде нова, неверојатна сила за седумте победи на Тур д’Франс.

„Позадоволен сум од кога и да е, немам апсолутно никаков приговор. Имав неверојатна кариера, бев благословен“ – вели Армстронг се повлекува на 33-годишна возраст, кога е на врвот од славата, непоразен и незагрозен. „Нема веќе смисла да се продолжи. Не ми е потребно повеќе. Време е за нов лик, време е за нова приказна“.

Германскиот ас Јан Улрих не ја оствари целта да го совлада величествениот Ленс Армстронг, знаејќи дека ова му е последна шанса, оти уште пред почетокот на трката Американецот од Тексас најави дека годинава вози за последен пат. Но, од друга страна, Улрих може да биде и задоволен, оти се најде на победничкиот пиедестал како третопласиран, и е за едно место подобропласиран отколку минатата година. Притоа, во почетниот дел на трката имаше и тежок пад, но ги стисна забите и издржа до крајот.

„Пресреќен сум што сепак донекаде здрав успеав да стигнам на целта и да стојам на подиумот покрај Ленс Армстронг и Иван Басо. За мене сепак е извонредно како помина трката. Многу се радувам и дури не можам да верувам дека сепак успеав да се изборам за место на подиумот“. Јан Улрих не заборави ни на другите во тимот, кои, конечно, му помагаа да стигне до третото место: „Екипата супер се бореше. Мислам дека на трката имавме најдобар тим, како што и се гледа. Сите беа единствени, сите влечеа на иста страна“.

Во вкупното резиме на остварувањата на тимот на „Ти-мобајл“, задоволен е и спортскиот шеф Марио Кумер: „Екипата се бореше во секоја етапа, некогаш имаше среќа, некогаш малер. Возачите често пати беа застапени во челната група. Имамедве етапни победи, три втори места, две трети. Значи, на крајот се’ излезе оптимално“.

На годинашниот Тур д’Франс најдобар ридски возач беше Данецот Михаел Расмусен, а најмногу бодови собра Норвежанецот Тор Хусхофт. По трката останува и констатацијата: Армстронг се повлече, а вистински наследник не е на повидок. Се спомнуваат повеќе имиња, но никој не се наметна посебно убедливо: тука се Италијанецот Басо, Шпанецот Алехандро Валверде, Украинецот Јарослав Попович од тимот на Армстронг „Дискавери ченел“, кој ја освои белата маичка за најдобар млад возач, потоа Александар Винокуров од Казахстан, тимски колега на Улрих, кој годинава оствари две етапни победи...И Јан Улрих навести дека не се откажува од амбициите за втора победа на Тур д’Франс по успехот во 1997-ма година. Но, и да го оствари тоа, ќе мора да се помири со фактот дека засекогаш ќе остане забелешката: да, но без Армстронг.

Три медали за Германците во скокови, прв во пливање

На светското првенство во пливање во канадскиот град Монтреал Германките Дите Коциан и Кони Шмалфус освоија сребрен медал во синхрони скокови од штица на височина од три метри. Подобри од нив беа Ли и Гуо од Кина, а бронзата им припадна на Украинките Иченко и Федорова. Тоа беше трет медал за германските претставници во скокови во вода. Претходно Андреас Велс и Томас Шеленберг исто така освоија сребро во синхрони скокови од три метри, а Хајке Фишер се закити со бронза во скокови од штица од еден метар височина.

Веќе на почетокот на пливачките наптревари на првенството германската женска штафета 4 пати по 100 метри слободно во состав Петра Далман, Антрје Бушшулте, Аника Либс и Даниела Гец, го освои сребрениот медал. Златотот и’ припадна на австралиската штафета, бронзата на Американките. „Овде сме во една сосем нова формација, а Антје и јас годинава многу инвестиравме во студиите. Едноставно само се надевавме дека можеби сепак ќе освоиме некој медал. Сребрениот навистина е подвиг“ - изјави Петра Далман.

Првиот светски рекорд во Монтреал го постигна Роланд Шуман од Јужна Африка на 50 метри слободно со 23 секунди и една стотинка, 29 стотинки подобро од досегашниот, 16 месеци стар рекорд на Американецот Јан Крукер.

Алонзо нов шампион во Ф1?

23-годишниот Шпанец Фернандо Алонзо, по вчерашната победа на Големата награда на Германија на патеката во Хокенхајм, е на сигурен пат кон освојување на титулата светски првак во автомобилизам формула 1 – и тоа како најмлад во историјата на ова натпреварување. На возачот на Рено на рака му одат малерите на Финецот Кими Рајконен од Мекларен Мерцедес – неговиот болид е навистина најбрз и најдобар, но и подложен на дефекти. И вечера веќе видена слика: Рајконен во убедливо водство, кога поради дефект мораше да се откаже. 36 бодови предност на Алонзо се одвај достижни во преостанатите 7 трки до крајот на првенството, дотолку повеќе што неговиот болид не покажува никакви знаци на слабост.

Вчера подвиг оствари Шпанецот Хуан Пабло Монтоја, тимски колега на Рајконен. Поради сопствена грешка на официјалниот тренинг се удри во оградата и остана без пласман, па стартуваше од последна позиција; на крајот стигна до второто место. Трет беше Џенсон Батон од Хонда. Физикела е четврти, Михаел Шумахер го освои петтото место.

Фудбал: успеси на Волфсбург и Штутгарт, Борусија (Д) елиминирана

Волфсбург и Хамбургер се пласираа во полуфиналето на Интертото-купот. Во реванш-натпреварите, според очекувањата, Волфсбург и дома го совлада шведскиот претставник Гетеборг и тоа со истиот резултат како и на гостувањето – 2 спрема 0, а Хамбургер го победи португалскиот претставник Униао Лериа со 2 спрема 0. Во првиот дуел од третото коло на Интертото-купот Хамбургер како гостин славеше победа од 1 спрема 0. Борусија Дортмунд е еиминирана, откако во реваншот против Сигма во Оломоуц одигра нерешено 0 спрема 0. Противникот оди во полуфиналето бидејќи првиот дуел во Дортмунд заврши 1 спрема 1 и тој гол постигнат на гости на крајот беше пресуден.

Во Лига-купот Вердер го совлада Баер Леверкузен со 1 спрема 0 и в среда во полуфиналето се среќава со Шалке. Херта Берлин и Штутгарт играа нерешено 9 спрема 0, а при изведувањето пенали поуспешни беа играчите на Штургарт. Во полуфиналето, утре (26-ти јули) Штутгарт се среќава со Баерн Минхен.

Кучер европски првак во коњички скокови

Марко Кучер со коњот Монтендер е победник на европското првенство во коњички скокови, што се одржа во италијанското место Сан Патрињано. Втора беше Кристна Либнер од Швајцарија, а трет олимпискиот првак од Сиднеј, Холанѓанецот Јероен Дубелдам. Кучер е десетти германски претставник што победува на европскиот шампионат во дисциплина коњички скокови, а ова беше трето последовно првенство на континентот во кое титулата ја освојува германски натпреварувач. Германија победи и во екипна конкуренција.

Првенство на Европа во голф: злато за Фаст, Лангер петти

На Отвореното првенство на Европа во голф, што се одржа во Алвеслое во германската покраина Шлезвиг-Холштајн, во финалниот дуел Швеѓанецот Никлас Фаст го победи Аргентинецот Анхел Кабрера и ја освои наградата од 550 илјади евра. Германскиот претставник Бернард Лангер го дели петтото место и освои награда од 109 230 евра. Марсел Зим беше 20-ти и тоа му донесе награда од 39 600 евра.