1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лекарот на Тимошенко загрижен за здравјето на опозиционерката

АТ/ афп24 јуни 2012

На украинската опозиционерка Јулија Тимошенко и‘ претстои нов судски процес, но нејзиниот лекар предупредува за здравјето на украинската политичарка.

https://p.dw.com/p/15Kc4
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шефот на берлинската клиника Шарите, Карл Макс Ајнхојпл, предупреди затворената украинска опозиционерка Јулија Тимошенко да не учествува во новиот процес против неа. Доколку сега дојде до тоа „ќе пропаднат успесите од терапијата во изминатите недели“, изјави лекарот по посетата на Тимошенко за весникот „Берлинер моргенпост“. „Од медицински аспект е несфатливо што процесот се одвива сега“, изјави Ајнхојпл. „За неколку недели може да дојде до стабилизирање на здравствената состојба на г-ѓа Тимошенко“. Ајнхојпл во Украина беше изминатите два дена.

Тимошенко треба утре (25.06.) да се појави пред судот. Украинските власти минатата недела соопштија дека Тимошенко е поканета на суд. Во овој процес Тимошенко е обвинета за даночно затајување и проневера.

Опозиционата политичарка Јулија Тимошенко во октомври минатата година беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената должност. Според обвинувањата, како премиерка на Украина таа склучила договор со Русија на штета на нејзината држава. Западот смета дека казната за Тимошенко е политички мотивирана.