1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лев со проверени сили ќе атакува на титулата

БГ/макфакс29 мај 2012

Познати се 23-та играчи на германската фудбалска репрезентација кои ќе настапат на Еуро 2012. Мало изненадување- отстранувањето на Какау.

https://p.dw.com/p/153j7
Фотографија: Reuters

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, го соопшти списокот од 23-ца фудбалери, кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска и Украина.

Од поширокиот список на играчи отпаднаа двајца дебитанти – голманот Марк-Андре тер Стеген и напаѓачот Јулијан Дракслер, резервниот напаѓач Какау и играчот од средниот ред Свен Бендер.

„Настапот на ЕП беше моја голема цел, иако е јасно дека конкуренцијата е многу силна. Разочаран сум, но се чувствувам како дел од тимот и посакувам да го освојат турнирот“, изјави Какау, кој има одиграно 23 натпревари за Германија, на кои постигнал шест погодоци.

Германците, во саботата, забележаа висок пораз од Швајцарија 3:5, а до почетокот на Еуро 2012 ќе одиграат уште ден пријателски меч, против Израел, во Лајпциг на 31. мај.

Голмани: Мануел Нојер (Бајерн Минхен), Тим Визе (Вердер), Рон-Роберт Цилер (Хановер).

Одбрана: Холгер Бадштубер, Филип Лам, Џером Боатенг (сите Бајерн Минхен), Бенедикт Ховедес (Шалке), Матс Хумелс, Марсел Шмелцер (двајцата Борусија Дортмунд) и Пер Мертезакер (Арсенал).

Ред за врска: Ларс Бендер (Бајер Леверкузен), Марио Геце и Илкај Гундоган (Борусија Дортмунд), Сами Кедира и Месут Езил (Реал Мадрид), Тони Крос и Бастијан Швајнштајгер (Бајерн Минхен).

Fußball Länderspiel Deutschland Ukraine Kiew
Фотографија: dapd

Напад: Марио Гомез и Томас Милер (Бајерн Минхен), Мирослав Клосе (Лацио), Лукас Подолски (Арсенал), Марко Ројс (Борусија Менхенгладбах) и Андре Шурле (Бајер Леверкузен).

Германија на Еуро 2012 ќе игра во Б групата, а ривали ќе и бидат Португалија (9. јуни), Холандија (13. јуни) и Данска (17. јуни).