Куса тревога поради чад во Белата Куќа
11 мај 2013Претставник на властите во Вашингтон, по веста дека било евакуирано западното крило на Белата куќа, што ја пренесоа американските телевизии, соопшти дека тоа било сторено бидејќи имало дефект на електричниот трансформатор во близина на западното крило на резиденцијата на претседателот на САД, поради кој се вклучил алармот за чад.
„Проблемот со трансформаторот беше брзо решен. Снабдувањето со електрична енергија и пристапот на персоналот до западното крило се вратени во нормална состојба“.
Претставникот на Белата куќа уште додаде дека претседателот на САД Барак Обама и неговото семејство не биле погодени од инцидентот.
Овалниот кабинет на претседателот и кабинетите на неговиот персонал се наоѓаат токму во западното крило на Белата куќа.