Кулминација на "петото" годишно време
7 февруари 2005Реклама
Карневалските поворки тргнаа во традиционалната обиколка на градските улици , а милиони луѓе ги очекуваат маскирани и подготвени за луда забава.
Најжешко е во неформалниот главен град на карневалот , Келн . Во точно 11 минути пред 11 часот стартуваше карневалската поворка за розевиот понеделник., под мотото Келн и децата од целиот свет.
Најмалку 1 милион луѓе на монтажните трибини и на тротоарите ширум град ги отпоздравуваат 10-тиците карневалски возила, кои се преполни со слатки , кои на крајот од денот ќе завршат во торбите на карневалистите.
Во келнската карневалска поворка главни ѕвезди денеска се Хајди Клум , германскиот фото-модел и нејзиниот партнер попѕвездата Сил.