1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кукли според детски цртежи

Терезе Улрих / Александар Методијев24 јуни 2013

Децата цртаат, а Карола Крафт од нивните дизајни прави кадифени кукли. „Штофдингс“ е името на оваа необична марка од Хамбург, која прави играчки според фантазијата на децата.

https://p.dw.com/p/18o8m
Фотографија: Fotolia/Margit Power

Се изработува се’, па дури и животното армадило. Идејата е на четиригодишно дете.

„Едноставно се радувам за секој цртеж кој доаѓа до мене, бидејќи тие едноставно се неверојатно прекрасни. Потоа ги гледам и се обидувам најдоброто од тоа да направам. Секогаш сум многу изненадена, бидејќи е неверојатно креативно тоа што децата го цртаат. Се обидувам да го уловам секој детал. Најголем предизвик е да се погоди с'ржта на сликата. Она што е најубаво на сликата, она што е најинтересно, потоа треба се најде во кадифената кукла. Тоа е навистина она што прави најголемо задоволство и едноставно е извонредно“, вели Карола Крафт, шивачка во „Штофдингс“.

Идеите потекнуваат од деца, кои се на возраст меѓу три и седум години. Шаблоните за играчките од ткаенина Карола Крафт ги добива преку пошта или мејл. Готовите дела, во зависност од сложеноста и материјалот, чинат меѓу 60 и 160 евра.

Кукли според детски цртежи

Така таа си исполни сон од детството. Школуваната шивачка уште како мало девојче најмногу ги сакала своите сосема индивидуални кадифени играчки. Но, таа едноставно не можела да си ги купи. Затоа, 47-годишната жена сега сама ги произведува за децата од цела Германија.

„Јас вистински се забавувам. Едноставно можам да го направам она што можам и што сметам дека е навистина добро“, вели Крафт.

Таа има мисија која наоѓа место во срцата. Таа ги прави децата среќни со своите сосема лични кадифени играчки.