1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

„Кукавички терористички акт“ во Њујорк

СН/ агенции
1 ноември 2017

Прекрасно сино небо во Њујорк за „ноќта на вештерките“- но тогаш шок. Пикап возило со голема брзина влета во велосипедисти и пешаци.

https://p.dw.com/p/2mq39
USA New York -  Manhattan: Krankenwagen nach Schüssen
Фотографија: Reuters/A. Kelly

8 луѓе загинаа, а преку 10 се повредени кога напаѓач со камионет влета на велосипедска патека и удри во велосипедисти и пешаци. Инцидентот се случи на Менхетн, неколку блокови од споменикот посветен на жртвите од нападот на Светскиот трговски центар. Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио овој акт го оцени како „кукавички и терористички“ напад врз недложни цивили. Полицијата смета дека тоа е терористички инцидент, изјавија неименувани извори од њујоршката полиција.

Градските власти наведуваат дека напаѓачот бил сам и оти нема индиции дека имал помошници. Нападот е извршен со изнајмено пикап возило Возачот продолжил да се движи по велосипедската патека и на тротоарот сѐ додека не удрил во друго возило. 

Напаѓачот излегол од камионетот наводно држејќи пиштол, и полицијата пукала во него и го ранила во стомакот. Тој е уапсен и однесен да му се укаже медицинска помош. Како што наведува весникот „Њујорк тајмс“напаѓачот во моментот на нападот мафтал со два лажни пиштола.

Очевидци изјавија за локалните медиуми дека камионетот влетал на популарната велосипедска патека и ги газел велосипедистите и пешаците покрај неа. Тие опишале сцени на паника, наведувајќи оти луѓето беагале и викале, а дека на патеката, меѓу прегазените велосипедисти, лежеле повредени и тела на загинати. 

Неколку медиуми пренесоа оти станува збор за Узбекистанец кој дошол во САД во 2010 година и за време на нападот извикувал „Алах е голем“, излегувајќи од возилото со кое прегазил пешаци и велосипедисти.

Терор во срцето на Њујорк

Меѓу осумте жртви во нападите во Њујорк се 6 странци, 5 аргентински туристи и една Белгијка. Меѓу повредените има и еден Германец, соопшти германското министерство за надворешни работи. 

Властите соопштија дека осомничениот за нападот е идентификуван како Сејфуло Саипов, 29-годишен по потекло од Узбекистан, дојден легално во САД во 2010 година и е такси возач во Убер.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди доцна ноќеска да се засили програмата за проверка на страниците кои доаѓаат во САД, неколку часа по нападот во Њујорк.

„Токму што му наредив на министерството за внатрешна безбедност да ја засили програмата за проверка која е веќе екстремно строга“, напиша Трамп на Твитер и додаде дека „убаво е да се биде политички коретен, но не за вакви работи“.