Кристина Кирхнер е нов претседател на Аргентина
29 октомври 2007Реклама
Кристина Фернандез де Кирхнер е победничка на претседателските избори во Аргентина. 54 годишната сопруга на досегашниот претседател, Нестор Кирхнер, по пребројувањето на 75% од гласачките ливчиња има освоено 44 проценти од гласовите, или двојно повеќе од нејзината против кандидатка, Елиса Карио. Оваа голема предност значи дека не е неопходен втор круг гласање.
Кирхнер прва жена избрана за претседател на Аргентина. Во 1974 година, Изабел Перон автоматски стана претседател на земјата, по смртта на нејзиниот сопруг.