1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кривични пријави за „Комитите“

17 август 2009

Вчерашните немири во Скопје (16.08.200,) во кои учествуваше група фудбалски навивачи ги разбрануваа политичките страсти во Македонија. Особено остри во реакциите се партиите од албанскиот политички блок.

https://p.dw.com/p/JCvT
Во Скопје се разбрануваа страститеФотографија: DW

Според ДУИ, вчерашниот инцидент не испраќа добра порака за меѓуетничките односи во државата. Џевад Адеми од оваа партија побара владата да реагира.

„Нема да го коментирам вандалското однесување на ткн. „Комити“ или комедијанти. Им се обраќам на тие што ги инспирираат, поддржуваат и спонзорираат да не си играат со вакви работи. Вакви инциденти можеби почнуваат како игра, меѓутоа крајот може да биде многу лош за сите“, изјави во Собранието на Република Македонија Џевад Адеми.

Опозициската СДСМ бара политичка одговорност од одговорните во МВР за пропустите во одржувањето на редот пред, за време и по фудбалскиот натрпревар Македонија Ѓорче Петров – Вардар.

Реагира и партијата Нова Демократија. Пратеникот Бесим Догани ги повика надлежните да реагираат.

Skopje,Ulica Makedonija
Граѓаните и политичарите апелираат на смиреностФотографија: DW

Поднесени кривични пријави

Полицијата објави дека се поднесени осум кривични пријави за навивачите на Вардар. Комитите најавија писмена реакција во текот на денот. Се товарат дека вчера ги каменувале куќите и возилата во Нерези, во општина Карпош и повредиле четворица граѓани одејќи кон стадионот во населбата Горче Петров.

Ситуацијата ескалираше кога навивачите по натпреварот кон центарот на градот се враќаа по истиот пат. Иако придружувани од полицијата, состојбата излезе од контрола. Комититите со соочија со локалното население, кое бараше одмазда за направениот хаос пред фудбалскиот натревар. Се случи тепачка, а камења летаа на сите страни. Вкупно во немирите се повредени пет луѓе.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска