1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој е на фотографијата?

5 мај 2009

Го бараме името на тренерот на моментно водечкиот тим во Бундеслигата - Волфсбург!

https://p.dw.com/p/HjY0
Фотографија: AP

Тој е тренер на тимот на Волфсбург. По натпреварот на неговиот клуб против Хофенхајм за прв пат навести дека титулата е на дофат: „Нашата програма до крајот на првенството е слична како и на Баерн. Но, ние имаме три бода предност, водечки сме на табелата и сите мораат да чекаат на наш кикс, инаку никој не може да не помине“.

Tренерот на водечкиот тим во наредната сезона ќе се пресели во Шалке, каде треба да биде и тренер и менаџер, токму како и во Волфсбург.

Погодете, Ве очекува награда.

Точниот одговор на претходното прашање е: Георг Фридрих Хендел. Името на еден од најпознатите германски и светски композитори на опери и ораториуми го погодија 48 корисници.

Среќен добитник на книга за учење германски јазик во издание на Дојче веле и Институтот „Гете“ е: Билјана Битолкоска.