„Коха Диторе“: Ќе бидат сменети двајца членови на косовската влада
7 јули 2012Извори на приштинскиот весник „Коха Диторе“, блиски до кабинетот на премиерот на Косово Хашим Тачи, тврдат дека поради обвиненијата против Букоши и Харачи двајцата ќе бидат сменети од функциите коишто ги извршуваат.
Двајцата претставници на листата „Ибрахим Ругова“ се обвинети дека извршиле неколку кривични дела.
Заменик премиерот Бујар Букоши е обвинет дека во време додека ја извршувал функцијата министер за здравство извршил кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувања, потпишување штетни договори и други дела. Заменикот министер Астрит Харачи пак, се товари за потпишување штетен договор во време додека ја извршувал функцијата министер за култура, младина и спорт.
Букоши вчера (06.07) изјави дека за подигнувањето обвинение дознал од медиумите, дека не е виниовен и дека е подотвен да соработува со судот. На прашањето дали поради обвинението ќе биде сменет, Букоши одговори дека тоа ќе биде познато во наредните денови.