Косовскиот парламент го подржа планот на Ахтисари
5 април 2007Реклама
Косовскиот парламент со сто гласови за и само еден против донесе резолуција со која го поддржува предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за меѓународно надгледувана независност на досегашната српска покраина. Во резолуцијата се ветува соработка и поддршка на предвидената меѓународна цивилна и безбедносна мисија, се’ додека таа не ги заврши своите задачи.
Косовските Срби го бојкотираат парламентот од мартовските насилства во 2004-та година.