Косово-Србија
31 јули 2007Реклама
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави дека во натамошните преговори со Белград може да се разговара единствено за техничките делови и идните односи, но не и за независност на Косово. Во говорот пред парламентот претседателот на покраината изјави дека преговарачкиот тим се обврзува дека ќе делува во соработка со САД и ЕУ. Најголемиот дел од пратеничките групи во парламентот побараа да се прогласи независност доколку меѓународната заедница не постигне согласност околу прашањето.