1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Мина возот за лобирање?

4 септември 2010

Косовските лидери од денеска (04.09.2010) се во Њујорк, со цел да лобираат на маргините на Генералното собрание на ОН за косовската независност. Дали е за тоа доцна и кои земји во процесот на лобирање се најважни?

https://p.dw.com/p/P4AH
Аналитичарите сметаат дека мислењето на МСП не е добро искористеноФотографија: AP

Високата делегација на Косово, предводена од претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, во Њујорк треба да лобира интензивно за државата Косово, потврди за Дојче веле Мемљи Красниќи, портпарол на косовската влада: „Тие, во таа прилика, ќе имаат низа состаноци со високи претставници на земјите членки на ОН, од кои ќе бараат признавање на Република Косово, но и одбивање на српската резолуција предложена на Генералното собрание, доколку таа како таква остане на дневен ред“, вели Красниќи, кој е уверен дека ангажманот, како и дискусијата во Генералното собрание, ќе бидат позитивни за Косово.

Ардиан Арифи од „Клубот за надворешна политика“ во Приштина, потсетува дека речиси месеципол по донесувањето на мислењето на Меѓународниот суд на правдата, немаше нови признавања на Косово и оценува дека тоа време е загубено: „Сметаме дека нашето Министерство за надворешни работи, но и Владата во целост, ја пропушти приликата да лобира по светот што повеќе. Ова лобирање во Њујорк не е доволно, зашто тие нема да се сретнат со владите на земјите, туку со нивните амбасадори во ОН“, вели Арифи.

UN Generalversammlung in New York Sheikha Haya Rashed Al Khalifa
Резолуцијата на Србија е пред Генералното собрание на ОН на 9 септемвриФотографија: AP

Во процесот на признавање најважни се земјите на ЕУ

Отфрлајќи ги како неосновани критиките на „Клубот за надворешна политика“, портпаролот на косовската Влада порачува дека и критичарите многу бргу ќе бидат информирани за нови признавања: „Веднаш по историската победа во Меѓународниот суд на правдата, косовските институции, поточно Министерството за надворешни работи и министерот Хисени, имаат десетици состаноци во Њујорк, но имаше и контакти со многу други земји во светот. На земјите кои не‘ признаа им се предадени писма со благодарност, а до земјите кои се‘ уште тоа не го сториле им се упатени писма со барање да не‘ признаат и тие активности продолжуваат“, вели Краниќи.

Арифи, меѓутоа, истакнува дека никакви интегративни процеси со Европската унија не можат да се водат додека Косово не биде признато од преостанатите пет земји на ЕУ. Затоа, според него, токму тие земји треба да бидат приоритет при лобирањето, а од нив на прво место е Грција. Најмногу загрижува, вели Арифи, тоа што Белград повторно го има главниот збор: „Тие излегоа со Резолуција и целата дискусија сега се води за таа Резолуција. Никој не зборува за тоа што можевме да сториме ние, ние да одиме таму и да бараме признавање од страна на ОН. Но, за такво нешто ни‘ се потребни повеќе признавања, а со оглед на тоа што тоа не го направивме, нема да имаме ниту некоја поголема улога во ОН засега“, истакнува Арифи.

Bamir Topi
Албанскиот претседател Бамир Топи упати барање до ОН за отфрлање на српската РезолуцијаФотографија: Deutsch-Albanische Wirtschaftsgesellschaft e. V.

Инаку, српската Резолуција за Косово треба да биде претставена пред Генералното собрание на ОН на 9 септември.

Србија ќе се договара со европските партнери

Вчера албанскиот престедател Бамир Топи го повика Генералното собрание да ја отфрли Резолуцијата и да ја признае косовската независност. Во својата порака, Топи констатира дека со Резолуцијата „се нарушува авторитетот на Меѓународниот суд на правдата и на ОН и дека таа има негативно влијание врз мирот и стабилноста на југоисточен Балкан, како и врз европската иднина на Србија“. Српскиот претседател Борис Тадиќ, вчера, по разговорите со словенечкиот премиер Борут Пахор, изјави дека Србија сака прашањето на Косово да го реши во договор со европските партнери, бранејќи ги своите легитимни интереси, со цел „европска перспектива не само на Србија, туку и на албанскиот народ“.

Автор: Зулфија Јакупи / бета / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема