1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово - Виена - Контакт група

30 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BZch

Преговарачката тројка на Контакт групата за Косово денеска во Виена води одвоени разговори со делегациите на Белград и Приштина. Претставникот на ЕУ, Волфганг Ишингер изјави дека мандатот на тројката предвидува до 10 декември да биде поднесен извештај до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун. Ишингер е оптимист околу резултатите од денешните разгвоори. Белград на виенските преговори го претставува политичка делегација предводена од шефот на дипломатијата, Вук Јеремиќ и министерот за Косово, Слободан Самарџиќ, кој во очи на состанокот изјави дека преговарачката тројка го прифатила предлогот на Белград да се разговара за статусот на покраината. Косовскиот премиер, Агим Чеку, во Виена за српските новинари изјави дека за статусот нема што да се разговара. Приштина во Виена, покрај Чеку, ја претставуваат и претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу и првиот човек на парламентот, Кољ Бериша, како и претставници на опозицијата.