1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово:крај на колективната илузија

22 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOk

За Косово и натаму пишуваат речиси сите германски но и светски весници.

"Келнерштатанцајгер" донесува коментар со наслов Крај на колективаната илузија,во кој меѓу другото наведува:

Повеќе од 30 мртви,повеќе стотици ранети,напуштени и запалени српски села и православни цркви.Тоа се само оние видливите последици на етничкото чистење,кога минатата недела косовските Албанци го нападнаа српското малцинство на Косово со цел да ги протераат меѓународните заштитни сили на КФОР со кои командува НАТО,а кои во меѓувреме беа значително намалени.Тие не беа ни подготвени за етничкото чистење,и гледајќи од случај до случај,тие потфрлија.Призрен и неговите манастири и селата со мешано население околу Приштина и Пеќ останаа без Срби.Проектот на ОН да создаде мултиетничко Косово не доживеа само тежок удар,туку веројатно пропадна.Индикатор за тоа се реакциите на елитата на косовските Албанци на злосторствата кои се случија.Ниеден единствен политичар не е подготвен да ги осуди насилствата,а ништо подобра ситуацијата не е ниту во интелектуалните кругови на косовските Албанци,заклучува "Келнерштатанцајгер".

"Франкфуртералгемајнецајтунг"во својот коменатр бележи:

Изгледа дека меѓународната заедница нема стратегија во врска со иднинаат на Косово.Официјално и натаму важи паролата на бившиот шеф на УНМИК Михаел Штајнер –стандарди пред статусот.И натаму важи како мерка за сите и Резолуциајта на ОН 1244 донесена на 10 јуни 1999 година.Со неа е утврдено дека тогашната Сојузна Република Југославија мора неодложно да ги повлече сите свои воени,паравоени и полициски сили од Косово и дека одговорноста за тој регион ја преземаат ОН.Денеска,по речиси пет години од стационирањето на меѓународните трупи на Косово,и покрај извесниот напредок,некои од целите не се остварени.Тука спаѓа и точката 9-а од документот со кој е утврдена задачата на меѓународните сили во спречувањето на избивање непријателства,што очигледно минатата недела не успеа.Ни следните дев точки од Резолуцијата не се успешни или се само делумно исполнети.Со Резолуцијата беше барано демобилизирање на Ослободителната војска на Косово и создавање услови за безбедно враќање на бегалците.ОВК е официјално распуштена,но остана големо влијанието врз опшетството на некои нејзини бивши членови.На пример Хашим Тачи и Рамуш Харадинај денеска играат водечки улоги на младата партиска сцена на покраината,а бивште припадници на ОВК кои се префрлени во формално цивилниот Косовски заштитен корпус,себеси се гледаат како идни војници на армијата на државата Косово.

"Франкфуртералгемајнецајтунг" уште повидлив неуспех гледа во враќањето на бегалците. Косовските Албанци кои беа протерани за време на режимот а Милошевиќ повторно се вратија во родните места,но Србите и другите малцинства тешко се решаваат на враќање.Во локаните бироа на комесаријатот на ОН во Белград,Подгорица и Скопје се регистрирани околу 230 илјади,најголем дел Срби,но и Роми и Црногорци.По настаните од минатата недела сигурно ќе бидат уште помалку оние кои ќе решат да се вратат на Косово,особено поради тоа што таму нема ни никаква економска перспектива,заклучува "Франкфуртералгемајне цајтунг".

Весникот "Франкфуртер рундшау "го пренесува предупредувањето на германскиот министер за одбрана Петер Штрук кон како што се наведува забранетата Ослободителна војска на Косово,а во кое тој вели:-Секој борец мора да знае дека НАТО и Бундесвер ќе се бранат со сите сили .НАТО со својата воена сила ќе победи во тој судир.

Весникот исто така ја пренесува и изјавата на поранешниот командант на меѓународните мировни сили генерал Клаус Рајнхарт.Тој изјави дека конфликтот меѓу Албанците и Србите нема да се реши додека не се подобрат политичките и стопанските услови во покраината.Рајнхарт ја критикува меѓународната заедница дека во случајов реагира стереотипно,зашто испраќа војници кога нешто ќе се случи.

Војниците можат да ја стабилизираат внатрешната и надворешната безбедност,но последниве години малку нешто беше преземено за отстранување на причините на конфликтите.Нерешавањето на политичкиот статус на Косово доведува до фрустраци кои раѓаат насилство,ја пренесува "Франкфуртер рундшау" изјавата на Рајнхарт.

За немирите на Косово лондонски "Фајненшл тајмс" пишува:Меѓународната заедница сега мора да размисли како може да се да обезбеди подобра иднина за територијата на подолг рок.Се чини бесмислено да се одолговлекува прашањето на независноста на Косово.Нема никакви изгледи албанското мнозинство на Косово да се покори на српската власт.ОН би требало да започнат со процесот на убедување на Белград да ја прифати оваа реалност.

Руска "Известија" заклучува –најновите настани на Косово уништија две легедни во кои пред се самите сакаа да веруваат западните водачи.Првата е дека Косово ќе биде мултиетничко и дека таму Албанците и неалбанците хармонично ќе живеат.Тоа не оди.Порано или подоцна областа ќе биде етнички чиста албанска.

Втората легенда-дека косовските лидери не се националистички настроени и дека нема да ги протераат последните Срби.Овие надежи не се исполнија,заклучува московска "Известија".