Коронавирус: Мала опасност за зараза од банкнотите на еврото
28 април 2020Европската централна банка (ЕЦБ) соопшти дека постои „мал ризик“ од пренесување на коронавирусот преку евро-банкнотите во однос на површините од други предмети. ЕЦБ спроведе истражувања со неколку лаборатирии според кои „коронавирусот можат да се задржат на површината од нерѓосувачки челик како што се кваките, 10 до 100 пати подолго отколку на банкнотите од пaмучно влакно“, изјави претставникот на банката Фабио Панета.
„Други анализи покажуваат дека вирусите потешко се пренесуваат преку порозни површини како што се нашите банкноти отколку преку мазни површини како што е пластиката“, вели Панета.
Безбедноста на банкнотите
Негов заклучок е дека банкнотите не претставуваат „некој поголем ризик од инфекција во однос на други површини со кои луѓето се во секојдневен контакт“. „Меѓутоа, нашата соработка со научните лаборатории ќе продолжи во наредните недели за да се одржи довербата на јавноста во безбедноста на банкнотите“, велат од ЕЦБ. Панета, сепак, не го спомена ризикот од пренесување на заразата преку монетите, кои се прават од неколку метали, меѓу кои се челикот и цинкот.
Повеќе:
-Со хартиени брисачи и метални монети против коронавирус
-Коронавирус: Лажно чувство на безбедност со ракавици за една употреба
Германската Бундесбанка неодамна дојде до слични резултати. Според Панета, побарувачката за пари во готовина значително се зголемила на почетокот на кризата со коронавирусот. Вредноста на дополнителните банкноти ставени во оптек секоја недела рапидно се зголеми во средината на март и речиси го достигна историски високото ниво од 19 милијарди евра.
Намалена побарувачка за готовина во април
Во април побарувачката за банкноти и монети значително се намалила. Во повеќе земји, во моментов тоа е пониско од вообичаеното.
Централната банка на Кина, од каде започна епидемијата со коронавирусот, во февруари соопшти дека ќе користи ултравиолетови зраци за дезинфекција на банкнотите од коронавирусот.