1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корејски полуостров: постигнат договор за трет самит

СН/ агенции
13 август 2018

Приближувањето меѓу двете Кореи продолжува. За разлика од првите два самита кои се одржаа на демаркационата линија, сега лидерите на двете земји треба да се сретнат во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг.

https://p.dw.com/p/334hj
Gespräche zwischen Nord- und Südkorea
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/South Korea Unification Ministry

Јужна и Северна Кореја се договорија третиот самит на лидерите на овие две земји да биде одржан во севернокорејската престолнина Пјонгјанг до крајот на септември. Официјални претставници од Сеул и од Пјонгјанг не наведоа конкретен датум на кој ќе се одржи самитот.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, и претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, одржаа историска средба во април во демилитаризираната зона која ги дели нивните две земји, кога беше договорено да се работи на мировен договор и денуклеаризација.

Потоа имаа неформален состанок во мај.

Treffen Regierungschefs Süd- und Nordkorea
Фотографија: Reuters/Presidential Blue House

Пјонгјанг во последно време сѐ почесто повикува на формално завршување на Корејската војна, водена од 1950 до 1953 година, а некои аналитичари веруваат дека зад тоа се крие желбата на Северна Кореја сите 28.500 американски војници конечно да ја напуштат Јужна Кореја.

Севернокорејскиот лидер, исто така, имаше историски состанок со претседателот на САД, Доналд Трамп, на 12 јуни во Сингапур кој заврши со потпишување на заедничка декларација.

Во договорот кој го постигнаа се предвидени гаранции за безбедност од САД за Севрна Кореја и посветеност на Пјонгјанг за „целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров“.