1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

КОП25 во Мадрид – полуполни и полупразни чаши

16 декември 2019

Меѓународната климатска политика е под голем притисок. Како и на сите годишни средби, така и сега во Мадрид, продолжи истата приказна. Јенс Турау вели дека сепак може да извлече нешто позитивно од збунувачката ситуација.

https://p.dw.com/p/3Usfn
Spanien UN-Klimakonferenz 2019 COP 25 l Logo
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Brégardis

Долги редици имаше на климатската конференција во Мадрид дури и на настаните на кои не беа застапени политичари и дипломати од 190 земји. 30 минути чекање за да се види Грета Тунберг, уште 30 минути за да се слушне светски познатиот актер Харисон Форд кој зборуваше за подобра еколошки свесна Америка а својот претседател Доналд Трамп го нарече „ужасен“.

Но, таму беа и тие, претставниците на држави кои се тука секоја година од 1992, од почетокот на климатската конференција на ОН. Всушност тие се срцето на овој циркус: нивната работа треба да биде да ја намалат емисијата на штетни гасови. Треба! Но одлуките кои ги носат, конкретната акција што ја преземаат и како всушност сакаат да ја заштитат климата е секогаш тешко да се објасни. Климатската конференција на ОН веќе подолго време е сопствен свет понекогаш полн со апсурдни договори и обвинувања. Кога ќе се вклучите во збунувачката игра, крајниот заклучок гласи: чашата е полуполна или полупразна – секој по свое видување.

Емисијата на штетни гасови расте и покрај сите конференции

Полуполна: од кога започна да се оддржува климатската конференција, емисијата на штетни гасови рапидно е зголемена, а не намалена. И покрај сите ветерници, сончеви колектори и електрични автомобили. Целите кои одредени држави ги договорија во Париз 2015 година се премногу слаби за да може да се предизвика пресврт. И покрај сите добри намери трансформацијата, особено на побогатите земји, во оддржлива иднина се уште не се одвива. Ова сериозно го оштети кредибилитетот на индустриските земји кои во тоа време во 1992 година во Рио, безрезервно ветуваа дека ќе се вложат во намалувањето на штетните гасови. И во еден свет на се поголем национализам, бегалски кризи и конфликти, пристапот на земјите климатските проблеми да се решат на глобално ниво западна под сѐ поголем притисок.

Повеќе:

-Климатски промени - паника завладеа со земјата

-Мадрид: Конференција за климата во немирни времиња

-ЕУ мора да собере храброст за „зелена револуција“

Полуполна: климатската средба водеше кон тоа милијарди од богатиот север да се прелеат на југот, за таму да може да се градат еколошки технологии. Но, многу работи не успеаа, а многу нешта апсурдно тргнаа наопаку - како на пример во Африка или Латинска Америка каде под превезот на климатска заштита се градат огромни хидроцентрали и брани. Но од друга страна, од кога започна да се одржува климатската конференција ветерната и сончевата енергија станаа број еден извор на електрична енергија во Германија. Инвестициите во овој сектор повеќе не се насочени во ископ на јаглен. Пред се: мнозинството во сите општетства препознаваат дека климатските промени се закана за човечкото постоење, дека луѓето се сами виновни за тоа и поради тоа мора сами да го решат проблемот. Тоа е повеќе од ништо – и покрај сите бесни популисти и галамџии.

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау, автор на коментарот

Меѓународната климатска дипломатија сега се соочува со истите проблеми како и слични етаблирани структури насекаде во светот – партии, системи, општества. Пристапот на климатската конференција е внимателно агирање, балансирање и компромис, како и по малку „пазарење и ценкање”. Но, новата гласна и одлучна генерација нема нерви за тоа и бара резултати веднаш. На темата и даде нов елан, што за мачните и долги преговори може да биде само позитивно, од една страна. Но, од друга страна нема објаснување како темпото кое го бараат треба да се постигне во еден свет во кој основната динамика

И натаму се базира на согорување на фосилни извори на енергија. „Сакаме да ве фати паника", е една од изјавите на Грета Тунберг. Но, паника е последното нешто што им треба на климатските самити. Во многу земји на југот луѓето покрај климатските имаат и сосема други егзистенцијални проблеми, како што покажуваат социјалните немири во Чиле, а тоа во Европа често се заборава.

2020 договорот ќе стапи на сила

Земјите од климатската конференција на ОН ќе се спасат со Парискиот договор, и без САД и без блокаторите Бразил или Австралија, Саудиска Арабија или Русија кои постојано нервираат. 2020 договорот добива правна сила, со сите негови замки, исклучоци, недостатоци. Сепак, Европа изгледа дека сфатила оти ќе биде крај на „играта” ако ЕУ не направи чекор напред. „Зелениот договор" на новиот претседател на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, кој беше донесен во Брисел паралелно со одржувањето на конференцијата во Мадрид, е тој прв чекор.

Да ги споиме двете чаши во едно, и полупразната и полуполната, и да сумираме дека политичарите треба да ги слушаат младите активисти бидејќи се во право кога климатската криза ја опишуваат како закана по животот оти тоа е одамна. Политичарите веќе еднаш реагираа под притисокот оти итриот план на новото раководство на ЕУ ќе го немаше без Грета Тунберг и нејзиното движење  „Петок за иднината". Младите активисти треба да разберат дека напорниот, долгорочен пат водеше до подобри резултати. Климата може да се спаси само со мултилатералниот пристап на ОН бидејќи поаѓа од светот таков каков што е, а не таков каков што би требало да биде.