Координацијата конечно вроди со плод
19 јули 2010Најнапред претпладнето беше исполнето барањето на опозицијата да се расправа за персоналниот состав на Анкетната комисија а потоа и беа договорени имињата на парламентарците кои ќе членуваат во неа . Пратеникот на ДУИ Хајрула Мисини ќе биде претседател на комисијата а нејзини членови ќе бидат Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, како и Менде Димевски од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП.
Ова го договорија претставниците на владејачкото мнозинство и на опозицијата на денешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Седница на крајот на неделата?
На средбата е отворено и прашањето за измените и дополнувањата на собранискиот Деловник.
Инаку расправата за собранискиот Деловник ќе продолжи на утрешната координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски
Со ова веројатно ќе се исполни и планот на Вељаноски сите отворени прашања да се преточат во две точки и да се стават на седница до крајот на оваа недела.
Автор: ЕМФ/макфакс
Редактор: Симе Недевски