1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конфронтација наместо диjалог во Русија

Маркиан Остапчук/ Симе Недевски12 јуни 2012

Руската опозиција денеска излегува на протести против претседателот Владимир Путин. Меѓутоа повеќемина познати руски опозициски лидери денеска мораат да одат на сослушување во полиција и нема да учествуват на протестот.

https://p.dw.com/p/15CQE
Фотографија: Reuters

 Кусо пред новите протести против претседателот Владимир Путин, истражните органи вчера извршија претрес во домовите на десетина лидери на опозицијата. Погодени од ваквите мерки, според наводите на властите, беа меѓу другите и прочуениот блогер Алексеј Навални, шефот на левичарскиот фронт Сергеј Удалзов, како и Илја Јашин од движењето Солидарност. Претрес бил извршен и во домовите на поранешниот вицепремиер Борис Немцов и телевизиската водителка Ксенија Собчак, кои му се приклучија на протестното движење, по спорните парламентарни избори во декември минатата година.

Russland - Hausdurchsuchung bei Putins politischen Gegnern
Опозициските активисти, во чии домови полицијата изврши претрес, наместо на демонстрации, ќе одат во полициска станицаФотографија: dapd

Властите соопштија дека истрагата се врши во врска со т.н „Марш на милионите“ на 6-ти мај годинава, кој заврши со „големи нарушувања на редот и мирот“. Тогаш околу 20 илјади луѓе учествуваа на демонстрациите непосредно пред инаугурацијата на Путин на претседателската функција. Стотици демонстранти беа уапсени по судирите со полицијата. Сите опозициски лидери во чии домови беше извршен претрес се осомничени за поттикнување на масовни нереди за време на протестите и денеска се повикани на сослушување во московската полиција

Во сила стапи заострениот закон за јавно собирање

А, токму за денеска противниците на власта повикаа на нови протести во Москва против Путин, на кои се очекува да учествуваат десетици илјади луѓе. Градската управа одобри оддржување на демонстрации со 50 илјади учесници. Новиот протест повторно е наречен „Марш на милионите“ и ќе се оддржи според планираното и покрај претресите во домовите на опозициксите лидери и поканите за нивно сослушување, соопшти портпарол на организацискиот комитет.

Посебна експлозивност најновата акција на опозицијата добива со тоа што во саботата претседателот Путин го потпиша новиот, значително поостар закон за јавно собирање. Тој имено предвидува значително повисоки парични казни за прекршување на правото на демонстрации. Ако на пример за време на демонстрации бидат повредени луѓе или е направена материјална штета, тогаш на учесниците и организаторите им се закануваат казни меѓу 250 и 7.000 евра.

ITAR-TASS: MOSCOW, RUSSIA. MAY 6, 2012. Left Front leader Sergei Udaltsov (front) takes part in the _March of Millions_ procession along Bolshaya Yakimanka Street. Participants of the rally protest against alleged fraud in the March 4 presidential election and the upcoming inauguration of Vladimir Putin as the new Russian president. (Photo ITAR-TASS / Sergei Karpov)
Маршот на милионите продолжува денескаФотографија: picture-alliance/dpa

„Кремљ сака да го насочува опозициското движење“

Какви последици ќе има новиот закон за демонстрации во Русија мора да се сочека за да се види, смета Еберхард Шнајдер од бриселскиот Центар ЕУ-Русија.

„Сега се одобрени големи демонстрации, така што сметам дека акцијата против лидерите на опозицијата има за цел тие да не можат да учестваат на тие демонстрации. Очигледно намерата е да се обезглави опозицијата“, вели политичкиот аналитичар.

Но, тоа нема да ги обесхрабри луѓето кои не излегуваат на улица само поради опозициските лидери. Покрај тоа, смета Шнајдер, и во иднина нема целосно да бидат забранувани демонстрациите на опозицијата, бидејќи властите во Кремљ стравуваат од критика од странство. Бриселскиот експерт меѓутоа смета дека Кремљ сака целото опозициско движење посилно да го канализира или да го насочува.