Конференции има, волја нема
20 јули 2007
Она што недостига е волјата: Палестинците да се откажат од насилство, а Израел да се повлече од окупираните територии. Во интервју за телевизија Дојче веле, Лидерс изјави:
„Основиот проблем на блиско-источниот квартет кој веќе четири години нередовно заседава, е во тоа што нема можност она што ќе го заклучи да стане и обврска. Може да нуди препораки, но страните во конфликтот не се обврзани со нив. Значи, ако владата во Израел и САД сакаат да одат по други патишта од оние што ги договара блиско-источниот квартет, тогаш не може ништо да се направи„.
На прашањето како ја гледа улогата на бившиот британски премиер Тони Блер како нов специјален претставник за Блискиот исток, Лидерс вели:
„Тој нема мандат да води вистински преговори меѓу Израелците и Палестинците. Најмногу може да ги надгледува исплатите на средствата за Палестинците. Но, во тоа што ќе го прави нема вистинска политичка моќ. Од тие причини, неговата улога е повеќе симболичка„.