1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конгрес на либералите

Моника Ломилер14 мај 2006

На партискиот конгрес на либералите во Росток, Гидо Вестервеле првпат настапи во двојна улога како шеф на партијата и на пратеничката група. Тој упати остри напади против коалицијата, што и не му беше толку тешко, со оглед на штофот понуден деновиве – имено донесувањето на непопуларните заклучоци за зголемување на даноците.

https://p.dw.com/p/Ac6e
Гидо Вестервеле, шеф на ФДП
Гидо Вестервеле, шеф на ФДПФотографија: AP

Гидо Вестервеле не изостави ништо во своите оценки за плановите на коалицијата во Берлин околу даночната политика. Унијата и СПД, според него, во санацијата на буџетот очигледно се на погрешната страна – наместо да ги намалуваат издатоците, тие ја ставаат раката уште подлабоко во џеповите на граѓаните – ќе се зголемува данокот на додадена вредност, а ќе се воведе и данок за богатите:

“Сега сме исправени пред најголемата програма на зголемување на даноците во историјата на земјата. Често се прашува – дали либералите се доволно социјални. Па, нема ништо понесоцијално од оваа даночна политика.“

Критиките на Вестервеле не беа насочени само кон социјалдемократскиот дел на владата, туку и на партијата на Ангела Меркел – ЦДУ, со која либералите минатата година радо ќе ја преземеа одговорноста да владеат:

“Ова не е критика само на црвениот дел од владата. Ова е јасна критика и на конзервативниот дел од владата. Кој сметаше дека е можно толку бргу да се оствари реченицата на Франц Минтеферинг “Црното е и само многу темно црвено“.“

Германија, според Вестервеле, ќе стане дух во светската економија, зашто земјата е многу под соседните земји кога се работи за стапката на пораст. Досегашната надворешна политика на Ангела Меркел, лидерот на либералите ја опиша како неопходна корекција на оската со која црвено-зелената влада го подели западот.

“Мислам дека и ние, како опозициона сила, не подаруваме ништо ако јасно признаеме дека новата влада, фала му на бога, стави крај на политиката кон Русија што ја водеше господин Шредер. “