1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата прогласи победа над терористите

ЖА/дпа30 декември 2013

Владата на Демократска Република Конго соопшти дека четириесет напаѓачи кои денеска во Киншаса киднапираа новинари и пукаа на аеродромот и во воено седиште, се убиени.

https://p.dw.com/p/1Aica
Фотографија: Reuters

Според медиумите, вооружени лица ги нападнале аеродромот и државната телевизија во главниот град Киншаса и ги ставиле под своја контрола. Владата на кризната земја за радиото Окапи меѓутоа изјави дека во меѓувреме таа ја презела контролата. Во престрелките со војниците се убиени многу од напаѓачите.

„Шеснаесет од нив се убиени на аеродромот, осуммина во националната радио- телевизија и 16 во Генералштабот“, изјави владиниот портпарол Ламберт Менде. Тој во телевизиска изјава истакна дека се работи за терористи, но дека владата по неколку часа ја има повторно целосната контрола. Медиумите јавуваат и дека бунтовниците се обиделе да нападнат и воени бази. Менде тврди - се работи за слабо вооружени напаѓачи, кои за цел имаат само предизвикување паника.

Нема жртви меѓу силите за безбедност. Според очевидци, во градот владее страв и полицијата и армијата се распоредени околу зградата на телевизијата и парламентот.