Колера на Хаити
22 октомври 2010Во Хаити починаа најмалку 138 луѓе од заболувања со дијареа, а постои опасност да дојде до голема епидемија на колера поради загадена вода. Ајмоген Вол, портпаролката на ОН во Хаити, за американската телевизија Си Ен Ен изјави дека според министерството за здравство станува збор за колера. Според претседателот на Асоцијацијата на лекари Клод Сурена во северните делови на земјата во моментов има над 1500 заболени лица.
Појавата на болеста може да предизвика сериозна здравствана криза. Според ОН од опасната болест особено е погодена областа Артибоните, северно од главниот град Порт - о - Пренс, која во јануари годинава беше разурната од катастрофалниот земјотрес. Имајќи ги во предвид лошите услови за живот во Хаити, можно е болеста во наредниот период да земе поголем замав, иако поради стравувањата од појава на епидемии, големите меѓународни хуманитарни организации во изминатиот период спречија појава на некои сериозни епидемии од заразни болести.
„Имаме ситуција која се одвива многу брзо. За само 48 часа веќе официјано има 138 мртви. Колерата е многу опасна, а за Хаити е невообичаена, бидејки во оваа земја немало епидемија со децении“, истакна Ајмоген Вол за Си Ен Ен.
Колерата е болест опасна по живот, која е предизвикана од бактеријата Вибрио колерае. Луѓето најчесто се инфицираат од водата за пиење ако е загадена со фекалии.
Автор: ВК/АТ/дпа/дв
Редактор: Жана Ацеска