1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се правците на македонската дипломатија

Горан Пстрески7 септември 2006

Рамките на македонската надворешна политика се појасни по средбата меѓу шефот на државата и шефот на дипломатијата.Вчера Милошоски објави и повеќе детали за неа

https://p.dw.com/p/AdcX
Фотографија: aptn

И новата македонска влада ќе ја советува германски експерт.По примерот на владата на СДСМ и нејзината соработка со економистот Тео Вајгел,и актуелната влада на Никола Груевски ќе ангажира германски стручњак за европски прашања како политички советник на владата и лобист за Македонија.Ова го најави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски,но не го откри името на германскиот експерт,со објаснување дека неговиот ангажман сеуште се договара,кажа само дека е добро познат и признат стручњак во германските експертски кругови.Откако со премиерот Никола Груевски и со претседателот Бранко Црвенковски ги прочешлаа целите на македонската надворешна политика,Милошоски со нив ја запозна и македонската јавност,за демаркацијата на северната граница во делот кон Косово рече дека владата ќе бара во документот за финалниот статус на покраината,косовските власти експлицитно да се обврзат на почитување на постојните граници во регионот.

-Мислам дека Приштина стои пред еден навистина сериозен предизвик,тие сакаат да добијат меѓународен легитимитет,и ако сакаат да ги освојат симпатиите за тој меѓународен легитимитет,тие мора да играат според меѓународните правила и ова прашање да го третираат согласно меѓународните договори кои се депонирани во ОН во Њујорк,така што тоа е добра шанса за авторитетите во Приштина да покажат дека ги признаваат регионалните граници кои се меѓународно потврдени, тоа е добра шанса за нив да демонстрираат зрелост и да дадат прилог за стабилноста во регионот.

За спорот со името со Грција,Милошоски ја повтори позицијата на Македонија дека нема отстапки од уставното име и оти во рамките на ОН треба да се најде решение прифатливо за двете страни.Најави дека е можна средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани викендов во Загреб,на самит што го организира Пактот за стабилност.Милошоски кажа дека за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи планира да ја прошири дипломатската мрежа во Јужна Америка и во Азија.