1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коизуми во проштална посета на САД

30 јуни 2006

Одлуката на американскиот Врховен суд за прогласување на воените трибунали за нелегални дојде кусо пред почетокот на прес-конференцијата, на која американскиот претседател Џорџ Буш и јапонскиот премиер Јуничиро Коизуми требаше да разменат последни изрази на пријателство.

https://p.dw.com/p/Ae0R
Јапонскиот премиер на заминување Јуничиро Коизуми
Јапонскиот премиер на заминување Јуничиро КоизумиФотографија: AP

Коизуми имено наскоро заминува од функцијата. Двајцата политичари и покрај за нив „лошата вест„ најдоа сепак зборови на лична и политичка блискост, а се осврнаа и на неколку важни меѓународно политички теми.

Буш и Коизуми упатија прво јасно предупредување на адреса на Северна Кореја што се однесува до наводно планираниот тест на ракета со долг дострел. Никој не знае кон која цел ќе биде насочена ракетата и дали ќе има боево полнење или не, затоа:

„Стартот на оваа ракета би бил неприфатлив. Ниту Јапонија, ниту САД, ниту пак која и да е друга слободољубива земја не може да дозволи да стане заложник на оваа ракета. Она што можеме да го сториме, тоа е тесно да соработуваме на полето на против-ракетната одбрана„ – нагласи шефот на Белата куќа.

Ова беше неприкриена закана на Џорџ Буш дека ќе стори се‘ за да ја урне северно-корејската ракета над Пацифичкиот океан, што порано, тоа подобро. За таа цел во близина на северно-корејиот брег веќе подолго патролираат американски воени бродови, оспособени за борба против проектили со долг дострел.

Буш и неговиот гостин од Токио изразија загриженост и за атомската програма на Иран, барајќи при тоа дипломатско решение на спорот. Стана збор и за стопанската соработка меѓу САД и Јапонија, за на крајкот од прес-конференцијата Џорџ Буш да му се заблагодари на Јуничиро Коизуми за присуството на јапонските војници во Ирак.

„Јапонските сили завршија добра работа во Ирак. Затоа и можат сега да си одат, бидејќи завршија добра работа. Нивните задачи ќе ги преземат ирачки војници„ – појасни американскиот претседател.