1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Книгите ја одредувале историјата“

2 април 2011

Државната библиотека во Берлин слави роденден вреден за почит. Таа полни 350 години. Големиот јубилеј е повод за изложба во Германскиот историски музеј, на која се претставени големи културни скапоцености.

https://p.dw.com/p/10lMB
Генералната директорка на Државната библиотека Берлин, Барбара Шнајдер КемпфФотографија: picture-alliance/dpa

Во 1661 година, Големиот кнез Фридрих Вилхелм Први одлучи во едно крило од неговиот замок да ја формира библиотеката која деновиве слави 350 години од своето постоење. По тој повод Берлинската државна библиотека, која е најголема универзална библиотека во германскиот говорен простор, одлучи да прикаже 47 богатства од своите архиви. Тие ќе бидат изложени во Германскиот историски музеј во Берлин до средината на јуни.

Flash-Galerie Staatsbibliothek Berlin Gebäude
Зградата на Државната библиотека во БерлинФотографија: picture-alliance/dpa

Раскошна изложба

Генералната директорка на библиотеката Барбара Шнајдер Кемпф говори за нејзиното симболично значење:

„Насловот на нашата изложба гласи: ’Библиотека создава историја’. Германската историја навистина секогаш одново можела да се отчита во историјата во судбината на Државната библиотека од Берлин. На библиотеката може да се гледа речиси како на симбол.“

Изложбата во Германскиот историски музеј е кусо кажано раскошна. Девет витрини кои го содржат најсветото од културната историја. Меѓу 47-те таканаречени „Сведоштва на човештвото“ е и една богато украсена и ретко прикажувана „Библија“ на пергамент од Јохан Гутенберг, потоа рачно напишаната партитура на „Свадбата на Фигаро“ на Волфганг Амадеус Моцарт, во која секоја нота е брзо напишана, но јасно поставена, или пак „Музичка жртва“ на Јохан Себастијан Бах, напишана со неговиот моќен ракопис, како и многу други културни богатства.

Jahresvorschau 2010 Flash-Galerie
Влезот во библиотекатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Книги што ја определувале историјата

Ханс Отомејер, претседател на Фондацијата на Германскиот историски музеј, истакнува дека неговата куќа секогаш прикажувала скапоцени ракописи и книги, но вакви се’ уште не.

„Ние секогаш јасно укажувавме дека пред се’ книгите се оние што ја одредувале нашата историја. Библијата, Коранот, ’Капиталот’ од Маркс се книги кои се пресвртни точки во нашата историја. Со книгите одлично се разјаснува и проблематизира историјата“ , вели Отомејер.

Автор: Јирген Кених / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска