Клима – концерти
7 јули 2007Реклама
Со манифестации во Сиднеј и Токио почна серијата концерти за заштита на светската клима. Според организаторите, цели 24 часа треба да се организираат концерти со 150 ѕвезди од светската музичката сцена и тоа на сите пет континенти. Приходите ќе одат во прилог на еколошката иницијатива востановена од поранешниот американски потпретседател Ал Гор. “Ова е прашање на моралот, на етиката. Станува збор за опстанокот на нашата цивилизацаија. За тоа не ни остануваат уште многу години” - порача Ал Гор.