1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Клагенфурт е рамноправен со „големите“

16 јуни 2008

Клагенфурт е најмал град домаќин на натпреварите од Европското фудбалско првенство 2008-ма. Но, затоа пак, има шарм и спортски дух.

https://p.dw.com/p/EKNT
Покраинскиот парламент во КлагенфуртФотографија: picture alliance / dpa

„Треска“ од Кристина Штирмер е официјалната песна на Австрија за Европското првенство во фудбал. Таа во Клагенфурт предизвикува добро расположение. Градот има околу 92 илјади жители, со што е најмал град домаќин. Од првенството Клагенфурт очекува добра промоција. Артур Рајнер од Организациониот одбор нагласува: „Ние сме најмал град домаќин, но сеедно, не‘ споменуваат како рамноправни во угледното друштво во кое се Виена, Берн, Инсбрук или Цирих. Горди сме поради тоа.“

Најиталијански град северно од Алпите

Клагенфурт е главен град на најјужната австриска сојузна провинција Корушка, која граничи со Словенија и Италија.
Woerthersee Stadion in Klagenfurt Österreich
Стадионот ВертерзееФотографија: AP
Тоа е причината што, како што вели градоначалникот Шојхер, градот дише со јужњачка атмосфера: „Ние сме малку поинакви од останатите Австријци, имаме малку медитерански менталитет. Кај нас доаѓаат Италијанци и тие велат дека Клагенфурт е најиталијанскиот град северно од Алпите, барем во Австрија.“

Медитеранскиот здив се распознава веќе во самата архитектура на Клагенфурт: 800 години стариот средишен дел на престолнината на Корушка го одбележуваат објекти изградени под будното око на италијанските архитекти и градежници. Реновираните ренесансни згради, премините, плоштадите, сето тоа е причина поради која во Клагенфурт владее јужњачки дух, објаснува туристичкиот водач Мартин Герцер: „Клагенфурт за жал во најголем дел страдаше во големиот пожар во 1514 година. А, градот од пепел го подигна еден италијански градежник. Тој се викаше Доменико дел Алио.“

Шарм, убавина и спортски дух

Клагенфурт е шармантен град и поради својата идилична локација - се наоѓа среде многу убава природа,
Alter Platz Klagenfurt, Europameisterschaft 2008
Плоштадот во КлагенфуртФотографија: DW
во близина се Караванките и границата со Словенија, а градот лежи на езерото Вертер. Тука секоја година се одржува меѓународен фестивал на културата. Градот има искуства и со спортски настани. Секоја година Гренд Слем турнирот на одбојкарите на песок привлекува околу 100 илјади гледачи. Во околината на Клагенфурт се одржува и најголемиот европски триатлон на кој учествуваат околу две илјади спортисти. Посебна гордост на жителите е новоизградениот фудбалски стадион Вертерзе. Градоначалникот тврди дека тој е најубавиот на кој се играат натпревари на Европското фудбалско првенство.

Организатрите имаат инсталирано и големи екрани и платна на кои се следат натпреварите. Во градот врие од понуди за посетителите, од храна, до сувенири...