1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кипар даде согласност за контрола

ЕМФ/дв5 март 2013

Кипар ќе дозволи независна контрола на неговите мерки против перење пари. На островската република загрозена од банкрот итно и‘ е потребна финансиска помош.

https://p.dw.com/p/17qY3
Фотографија: Gina Sanders/Fotolia

Новата влада на Кипар во Брисел донесе докази за својата подготвеност за разговори и за својата волја да ги доведе до успех преговорите за финансиска помош од европскиот фонд за спас. Претставници на средоземноморската земја, која инаку е соочена со колапс, се согласија од страна на неутрална институција да биде извршена контрола на нивното спроведување на европските насоки во борбата против перењето пари.

Банките под надзор

Со ваквиот чекор владата во Никозија им излегува пресрет пред се‘ на германските барања. Со месеци има обвинувања дека Кипар е место за перење пари во Европа. „Ова е важен чекор напред“, коментираше еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен. Извештајот од контролата треба да го подготви приватна фирма, соопшти шефот на Еврогрупата Јерон Дејселблум.

Министрите за финансии на Еврогрупата и‘ ветија на новоизбраната влада на Кипар договор за пакет мерки за помош до крајот на март. Еврогрупата ги повика сите страни да ја забрзаат работата на програмата која ќе предвидува околу 17,5 милијарди евра помош. Кипар е соочен со банкрот до мај доколку не добие помош.

Спас на капиталот на руските милионери?

Дејселблум не наведе детали од договорот на меѓународните инвеститори во врска со Кипар. Според него, прво мора таканаречаната Тројка (експерти на ЕУ, ЕЦБ и ММФ) да води преговори со контролорите на островот. Нејасно е дали за спас на Кипар ќе бидат вклучени и приватни инвеститори. Многу богати клиенти од Русија имаат големи износи пари во кипарските банки. Критичарите го обвинуваат Кипар дека тамошните банки и‘ служат на руската мафија за перење пари.

Еврогрупата уште на почетокот на годинава експлицитно нагласи дека за Кипар нема да има рез на долговите, како во случајот со Грција.