Кинески воени бродови влегоа во близина на југот на Јапонија
16 октомври 2012„Пилот на еден јапонски авион забележа седум кинески воени бродови во водите, 49 километри југоисточно од островот Јонагуни. Бродовите се движат кон север, од Тихиот Океан во правец на Источно Кинеско Море“, изјави неименуван претставник на јапонското Министерство за одбрана.
Тој наведе дека меѓу бродовите, два се крстосувачи и две фрегати и оти влегле во територија која меѓународно се смета за јапонска.
Јапонија и Кина имаат дипломатски спор околу суверенитетот над ненаселените острови, кои Јапонците ги нарекуват Сенкаку, а Кинезите Диаоју, во Источното Кинеско Море. Напнатоста меѓу двете земји се зголеми на почетокот на септември, кога јапонската влада одлучи да национализира неколку острови, кои до тогаш му припаѓаа на приватен јапонски сопственик.
Од тогаш кинеските патролни бродови во повеќе наврати влегова во територијалните води на тие острови, односно на помалку од 22 километри од нивниот брег.