1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

130710 China D Unternehmen

16 јули 2010

Пред турнејата на канцеларката во Русија, Кина и Казахстан беше нагласено значењето на економските врски на Германија со тие земји. Нов момент е: кинески претпријатија се’ позасилено инвестираат во Германија.

https://p.dw.com/p/ON1O
Фотографија: AP

Од пред повеќе од една деценија кинеската влада ги подржува тамошните претпријатија во нивните намери за меѓународна експанзија. Статистиката го изразува ефектот - во 1999 година Кина потроши 48 милиони евра за купување странски претпријатија. Десет години подоцна сумата е петстотинипати поголема. Хуанг Ќун, адвокат од Франкфурт, кој ги советува кинеските претпријатија кои сакаат да инвестираат во Германија, вели дека првиот бран од пред 25 години опфаќал претежно трговски претпријатија. Потоа, во деведесетите години, уследија производствени фирми. Сега се одвива третиот бран на експанзија. „Сега доаѓаат кинески фирми за да се доберат до ноу-хау и технологија со преземањето германски претпријатија“, укажува Хуанг.

China Wirtschaft Deutschland Investitionen Technik Siemens Leipzig
Германската технологија во центарот на интересот на кинеските стопанственициФотографија: picture alliance/dpa

Германија е тешка земја за бизнис

Според Ма Женжу, адвокат и советник од Диселдорф, на германскиот пазар сега навалува голем број кинески претпријатија главно од областа на машиноградбата и металопреработувачката дејност. Севкупниот волумен на инвестиции на кинески претпријатија во Германија Ма го проценува на преку 100 милиони евра годишно. „Кинеските инвеститори сфатија дека е исцрпена стратегијата за Кина како светска работилница и се ориентираат на високовредни производи и квалификувани пазари. Ако може да се опстане во Германија, значи може да се опстои насекаде во светот“, вели Ма.

Ангажманот на кинески инвеститори и во Германија наидува на позитивен одглас - градовите и општините се обидуваат да ги привлечат, нудејќи им стартни погодности. Адвокатот Ма смета дека многу кинески претприемачи наивно и лошо подготвени му приоѓаат на ангажманот во Германија. „Германија е тешка земја за бизнис. Мора да се смета на многу пречки, формалности и потешкотии“.

Symbolbild China Wirtschaft
Фотографија: DW-Montage

За разлика од германските претпријатија кои се веќе активни во Кина, кај некои кинески инвеститори уште не е доволно развиена интеркултурната компетентност. Но, и покрај сите тешкотии, во Кина и натаму расте расположението за експанзија, оти околностите се погодни: еврото во последниов период загуби десет проценти од вредноста во однос на кинескиот јуан; значи, идеално време за подложување на тест во Германија!

Автор: Јан Јун/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска