1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинеската надворешна трговија слабее

АТ/ ртр/ дпа10 септември 2012

Економската сила и светски првак во извоз Кина почна да ги чувствува последиците од евро-кирзата. Кинескиот извоз кон Европа слабее, а САД отпаѓаат како пазар за компензација.

https://p.dw.com/p/1663P
Фотографија: AP

Експортот на кинеска стока опаѓа - и тоа посилно од очекуваното. Од статистиката објавена денеска во Пекинг произлегува дека извозот кон Европа и САД во август и натаму е во пораст, но само за уште 2,7 проценти. Претходно се предвидуваше покачување од 3 проценти. Изненадувaње претставува импортот. Тој е опаднат за 2,6 проценти иако за увозот се очекуваше покачување од 3,5 проценти.

Вчера беа објавени и бројки, кои во спој со денешните податоци укажуваат на забавување на кинеската конјунктура: Индустрискиот пораст во младата економска сила е значително успорен.

Послаба побарувачка и од САД

Кина својата стока главно ја извезува во Европа и САД. Додека побарувачката во Европа силно е опадната поради должничката криза и рецесијата во јужните земји членки на евро-зоната, олеснување за кинеското стопанство не претставува ниту вториот голем пазар за пласман на производите: САД исто така се борат против високите државни долгови и имаат невообичаено висока невработеност - тоа и таму ја сопира побарувачката. 

Набљудувачите очекуваат дека кинеската Централна банка ќе реагира на ваквиот развој и дека ќе му помогне на стопанството со мерки за поттикнување на конјунктурата. И покрај падот на експортот Пекинг сепак успеа да го покачи својот трговски суфицит во месец август: Тој порасна од 25,2 на 26,7 милијарди американски долари.