Кинезите бегаат пред тајфунот „Миуфа“
7 август 2011Повеќе милиони лица се предупредени да не ги напуштаат домовите. Во очекување на големата временска непогода која се прогнозира за утре, капетаните на преку 30.000 бродови се предупредени што побрзо да дојдат до брегот и да ги остават пловилата на безбедно, бидејќи брановите во Источното Kинеско Mоре би можеле да достигнат до 11 метри.
Подготвки на сообраќајот
Ударите на тајфунот „Муифа“ достигнуваат повеќе од 160 километри на час, а се предвидува ветерот дополнително да се засили на патот до кинескиот брег. Тајфунот ќе донесе силен дожд и делумно ќе го зафати Шангај со околината, каде живеат околу 23 милиони луѓе. Населението е предупредено да не ги напушта куќите, 537 лица се евакуирани од крајбрежјата, но се уште не е јасно дали епицентарот на бурата ќе го погоди овој град. Летовите кон Шангај се откажани, а железничкиот сообраќај е подготвен за промена на редот на возење. Сите случувања за викендот се откажани, а американската влада ги предупреди своите граѓани кои се наоѓаат во Кина да си обезбедат резерви со вода, храна и готовина. Претходниот разорен тајфун „Матса“ од 2005 година усмрти петмина Шангајци, од вкупно 19 лица кои настрадаа во Кина.
Разорна трага
Тајфунот „Муифа“ досега однесе четири животи на Филипините, додека вчера во Јапонија беа повредени 27 лица, каде имаше и прекин со снабдување со електрична енергија. Повеќе од 60.000 куќи на островот Окинава се напуштени поради поплави. По Кина, според најавите, бурата во вторник ќе ја зафати и Северна Кореја.
Автор: ГЧ/ЖА/миа
Редактор: Жана Ацеска