1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина повторно ја критикува средбата Меркел - Далај Лама

23 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bidf

Кина која остро се спротивставува на денешниот состанок на германската канцеларка Ангела Меркел со духовниот тибетски водач Далај Лама, откажа уште еден состанок на кинеска делегација и германското министерство за правда, соопштија властите во Берлин. Кинеската делегација којашто денеска требаше денеска да допатува во Минхен го откажала патувањето како што се наведува поради технички причини. Иако средбата на Меркел со Далј Лама е означена како приватна посета, кинеската влада во последниве денови неколкупати го критикуваше Берлин, а Пекинг веднаш по најавата за средбата му врачи и протестна нота на германскиот амбасадор во Кина. Далај Лама од од 1995 година живее во егзил и е заговорник на отцепување на Тибет од Кина.