1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина планира изградба на најдолг подводен тунел во светот

СН/ат/ртр/миа/афп14 февруари 2014

Тунелот за железнички сообраќај треба да биде долг 123 километри и под морското дно да ги поврзе пристанишните градови Далиан и Јантај во североистичниот дел на Кина.

https://p.dw.com/p/1B8Rm
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кинa подготвува проект за изградба на најдолгиот подземен тунел за железнички сообраќај во светот, го пренесе весникот весникот „Чајна дејли“, соопштението на Кинеската инжeнерска академија.

Проектот до април ќе и биде претставен на владата на одобрување. Ако се одобри, неговата изградба ќе почне најдоцна до 2016 година. Железничкиот тунел според наводите на Академијата ќе се состои од три траси кои ќе бидат поставени најмалку 30 метри под морското дно.

Тунелот ќе биде долг 123 километри, што е два пати подолго од актуелниот најдолг тунел во светот, оној што ги поврзува островите Хокаидо и Хоншу.

Тунелот-рекордер ќе биде завршен до 2026 година. Тој ќе тргнува од пристанишниот град Далиан, до градот Јантај. Патувањето преку тунелот ќе трае 40 минути. Сега меѓу двата града се плови осум часа со ферибот, а копнениот пат од Далиан во провинцијата Лиаонинг до Јантај во провинцијата Шандонг е долг околу 1400 километри.

Кина ги соопшти своите планови за изградба на овој тунел уште во 1994 година, со тогашна проектирана цена од 10 милијарди долари. Имаше намера да го заврши до 2010 година. Но, 20 години проектот остана во фазата на планирање.

Сега неговата цена веќе скокна на 220 милијарди јуани односно 26, 4 милиони евра. Истражувањето дали проектот ќе може да се реализира ќе одземе уште две-три години. Најголема грижа на инжeнерите им претставува тоа што тунелот ќе биде граден во регион кој е силно загрозен од земјотреси.

Најдолгиот тунел во светот, јапонскиот е со должина од речиси 54 километри. Тунелот Сеикан влезе во експлоатација во 1988 година, по над две децении градежни активности. Тунелот под Ла Манш, кој ги поврзува Франција и Велика Британија е долг околу 51 километар.