Кина,земјотрес
3 јуни 2007Реклама
Најмалку три лица загинаа а повеќе од 300 се повредени во земјотрес со јачина од 6,4 степени кој јо погоди југоисточниот дел на Кина. Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека епицентарот на потресот бил во близина на историскиот град Пуер во планинскиот предел во провинцијата Јунан, во близина на границата со Лаос и Бурма. Се јавува за повеќе урнати објекти и илјадници раселени лица.