1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Келн безбедносно подготвен за дочекот на Новата Година

СН/ дв
30 декември 2016

За време на дочекот на 2016 година на платото пред главната железничка станица во Келн владееше хаотична состојба. Годинава тоа треба да биде спречено со сите средства.

https://p.dw.com/p/2V3Lc
Polizei bewacht den  Koelner Hauptbahnhof
Фотографија: picture-alliance/W. Rothermel

Германскиот град Келн е подготвен за дочекот на Новата Година, уверуваат градските власти. 1500 полицајци ќе бидат ангажирани за гарантирање на безбедноста на луѓето кои сакаат мирно да го прослават доаѓањето на новата 2017 година. Во градот се инсталирани и поголем број камери за надзор, а безбедносните мерки беа дополнително зајакнати по терористичкиот напад врз божикниот панаѓур во Берлин, со бетонски бариери против камиони. По новогодишната ноќ во 2016 во полициските станици пристигнаа стотици пријави од девојки и жени за кражба, напади и сексуално малтретирање од страна на групи на млади луѓе од северноафриканско потекло. Келнската новогодишна ноќ остави длабока лузна во германското општество. Повеќе детали во следново видео:

Зајакнати безбедносни мерки за Нова Година