1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер ја завршува посетата на Виетнам

22 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anwo

Германскиот претседател Хорст Келер денеска ја завршува дводневната посета на Виетнам. На програмата се наоѓа средбата со генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам Нонг Дук Ман. Келер вчера за време на разговорите со виетнамскиот претседател Нгиен Мин Трит ја изрази загриженоста на Европа за најновите постапки на комунистичкото раководство во јужноазиската држава против дисидентите и се заложи за подобрување на состојбата со човековите права.

Германскиот претседател пак позитивно го оцени економскиот развој и справувањето со сиромаштијата во Виетнам.