1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Келер – Балкан

3 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BC7O

Германскиот претседател Хорст Келер ја повика Романија порешително да се бори против корупцијата и да го реформира судскиот систем. Корупцијата им штети најмногу на обичните граѓани, порача Келер по средбата со романскиот претседател Трајан Басеску во Букурешт. На свечениот прием во негова чест, Келер ја истакна улогата на германските претпријатија за економскиот напредок на Романија. Германија е најважен трговски партнер на Романија.