1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Катастрофален пожар во Њујорк

СН/ агенции
29 декември 2017

Во пожар во станбена зграда во Њујорк загинаа најмалку 12 луѓе, меѓу нив и едногодишно дете. Бројката на загинати би можела и натаму да расте.

https://p.dw.com/p/2q5LF
New York Bronx Feuer
Фотографија: Reuters/A. Alfiky

Четири други лица се тешко повредени и се наоѓаат во животна опасност, изјави градоначалникот Бил де Блазио на прес-конференција. Со оглед на бројот на жртвите, Де Блазио говореше за еден од најтешките пожари во Њујорк по „многу, многу години".

Во меѓувреме продолжува потрагата по други жртви на катастрофата. Дванаесет луѓе беа спасени од пламените јазици од страна на припадниците на њујоршките противпожарни единици. Според извештаите на медиумите, двајца загинати биле пронајдени во када полна со вода, каде што очигледно побарале заштита од пожарот.

New York Bronx Feuer
Фотографија: picture-alliance/AP/F. Franklin II

Пожарот избувна на првиот кат на станбена зграда во градската населба Бронкс во околу 19:00 по локално време (1:00 по средноевропско време)  и многу брзо се прошири на останатите катови на зградата . Пожарникарите се бореа со огнената на надворешна температура од минус десет Целзиусови степени. Според наводите на противпожарната служба, во гаснењето на пожарот биле вклучени 160 пожарникари.