1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Карневалски капи за Келн

Урсула Шмид / Александар Методијев10 февруари 2013

Работилница за везење во Оберфранкен произведува капи за келнските карневалски клубови. До 200 евра чини една рачно изработена капа. Капите се направени од високо квалитетни материјали, како свила или брокат.

https://p.dw.com/p/17b7k

Карневалските капи во Германија изгледаат сосема различно. Па сепак, речиси сите се произведени од една фирма - работилница за везење од малото баварско место Марктлојгаст. Тука се прават капи за 1.500 карневалски здруженија од цела Германија, а пред се’ за карневалското упориште - Келн. Фирмата потекнува од овој град, а везилките, пак, традиционално се од Северна Баварија.

„Бидејќи и училиштето за везење исто така беше тука, фирмата од Келн се пресели во Марктлојгаст, бидејќи дамите повеќе не беа секогаш расположени да патуваат кон Келн на работа. Затоа фирмата отиде во Марктлојгаст“, вели претприемачот Кристине Цапф.

А, со тоа и карневалските нарачки од Келн. Капите се прават со сложена рачна работа. Три до четири часа трае додека од овој материјал се создаде капа за карневалист. Но, индивидуалноста си има цена - тие плаќаат и до 200 евра за една капа, ама таа трае доживотно. Кај капите, имено, нема годишно променливи трендови.

Deutsche Welle Mazedonisch Magazin Evropanorama Folge 36
Капите се уникатни, се користат со години и се направени од високо-квалитетни материјалиФотографија: DW

„Оти секој клуб си има свои форми. Ова се типични келнски капи. Тие имаат преклопени капи, типични за карневалот во Келн. Потоа имаат и вакви мали капи, минијатурни капи наменети за дамите, а овие модели овде се типични за регионот на Мајнц. Во нив им многу специфична рачна работа. Се’ е различно“, вели Цапф покажувајќи кон капите.

Тоа што тука уште се произведува, патем, е една мала успешна приказна, бидејќи пред неколку години компанијата беше банкрот. Четири поранешни работнички ја спасија фирмата и своите заштеди ги вложија во машини и материјали. Тоа беше пред две години. Првично се произведуваше во една гаража. Денес, 20 вработени изработуваат по околу 600 капи во еден месец.

„Секој клуб има можеби по околу 10 или 15 различни капи. Капа за претседателот, за сенатот, почесниот претседател - значи има многу различни, па не можат машински да се произведат во странство“, објаснува Кристине Цапф.

При толкав број карневалски клубови се чини дека сега е обезбедена иднината на еден од најголемите производители на карневалски капи во Германија.