Карлос Слим ќе биде запознаен со можностите за вложување во Македонија
1 април 2012
Мексиканскиот бизнисмен со либанско потекло Карлос Слим, на вчерашната (31.03.2012) средба со премиерот Груевски во Скопје дистутираше на повеќе теми. Како што соопшти министерот за информатичка технологија Иво Ивановски на средбата станало збор и за образованието зашто тој во својата земја преку Фондацијата инвестира многу во модернизација на образованието. Слим бил запознат и со економските аспекти на земјата. „ Се’ уште е рано да се каже за нешто конкретно дали има интерес,но како што кажа битно е да ја види прво земјата и да види кој раководи со државата. Му се допадна младиот владин тим и од она што е избрифиран и согледувајќи ги резултатите што Македонија ги има направено во изминатиот период, кога имаше економска криза, а Македонија се покажа дека добро знае да владее со економските сектори, дека имавме позитивни резултати, тоа за него особено значи“, изјави министерот Иво Ивановски по средбата на премиерот Груевски и Карлос Слим.
Мексиканскиот бизнисмен досега не инвестирал во Европа, но тој и неговите компании се заинтересирани да го прошират својот бизнис.
Слим утре во Охрид
Слим кој во Македонија престојува заедно со седум свои пријатели денеска ќе се запознае со владините проекти за привлекување странски инвестиции. Проектите ќе бидат презентирани на работен состанок во Владата од економскиот тим министри.
Карлос Слим утре e во Охрид каде ќе се одржи Состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој формирана од Меѓународната телекомоникациска заедница и УНЕСКО, со која претседаватој.
Мексиканскиот бизнисмен со либанско потекло Карлос Слим Хелу, инаку претседател на Фондацијата „Карлос Слим“ според американскиот бизнис-магазин „Форбс“ веќе три години по ред е најбогатиот човек во светот. Неговото богатство е проценето на 69 милијари долари.