Карзаи повика на борба против тероризмот
10 август 2007Реклама
Претседателот на Авганистан ги повика религиозните и племенските водачи на одлучна борба против исламиситичките екстремисит во авганистанско – пакистанската гранична област. На првиот ден од тридневниот собир на племенските водачи во Кабул, Карзаи ги осуди и постојаното насилство и грабнувања во неговата земја. Пакистанскиот премиер Шукат Азиси од своја страна нагласи пак дека судбините на двете земји не можат да се одвојат една од друга.