1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Како Хју Хефнер го смени светот на магазините

БГ
28 септември 2017

Основачот на Плејбој и холивудска ѕвезда, Хју Хефнер почина во 91 година од животот. Без оглед дали го сакате или мразите, факт е дека тој го промени светот на издаваштвото- и начинот на кој го гледаме човекото тело.

https://p.dw.com/p/2kqq7
Hugh Hefner Gründer Playboy Magazin
Фотографија: Getty Images/AFP/P. Guyot

Првото издание на Плејбој во 1953 година излезе со скромна стара фотографија на Мерилин Монро, со што беа прикриени голите снимки внатре. Револуционерен за тоа време, магазинот постојано ги уриваше границите и беше заслужен за сексуалната револуција во САД во 1960. години. 
Иако можеби звучи како шега кога ќе кажете дека читате Плејбој поради текстовите во него, магазинот сепак ја изгради својата репутација благодарение и на одличните приказни. Меѓу авторите на текстовите беа и Хантер С. Томпсон и Труман Капоти. 
Светски познатите „дуплерици“ на кои се наоѓаа безимени манекенки и славни личности кои се надеваа на зголемен публицитет, често се наоѓаа рамо до рамо со „тешки“ интервјуа, вклучително и она на историчарот Алекс Хејли со Мартин Лутер Кинг, а подоцна и со Малколм Икс во екот на американското движење за граѓански права. 
Цели 62 години, сепак, продажбата на Плејбој се вртеше околу фотографиите на голи жени. Иако Хју Хефнер си креираше специфичен лајфстајл за себеси, живеејќи со младите жени кои позираа за магазинот, сепак фотографи како Ани Лебовиц и Хелмут Љутон често сликаа за публикацијата.