1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква судбина ја чека Италија по Проди?

22 февруари 2007

Ќе дојде ли до обнова на штотуку распаднатата коалиција на левите и силите на центарот? Ќе се најде ли компромисно решение за голема коалиција меѓу левицата и десницата? Или можеби ќе се врати повторно на власт претходниот премиер Силвио Берлускони? Јерг Зајселберг ги разгледува опциите во следниот коментар.

https://p.dw.com/p/Abz3
Романо Проди во поза: „а што друго ми преостана„?
Романо Проди во поза: „а што друго ми преостана„?Фотографија: AP

Дебело се лажат оние кои тврдат дека историјата не се повторува. Пред осум и пол години истата партија му ги потсече крилјата на сегашниот и тогашниот премиер Романо Проди. Сега комунистите во јавноста ронат “крокодилски солзи“ по добриот премиер, но тоа е исто како некој да стрела во прозорец, за потоа да се жали како му студи.

При тоа кризата не е од нов датум. Со месеци на ред левицата во владината коалиција не пропушти тукуречи ни една прилика да не му постави сопка на премиерот Проди на полето на надворешната политика. Најкомунистите во партијата дури беа горди на масовните демонстрации против владата, во која седат и нивни претставници. Тоа се сцени од “Апсурдистан“!

За големиот дебакал овој пат важен придонес даде и политичкиот диносауриус на Италија, Ѓулио Андреоти. Овој лукав политичар, на чија поддршка беше упатен до вчерашниот премиер, прво сигнализираше поддршка за владините намери спроти гласањето во Сенатот. А потоа студено го остави Проди на цедило!

Овој настан меѓутоа содржи во себе парадигма за неодржливата положба во која се наоѓаше италијанскиот премиер. Поради претесното мнозинство на изборите, тој постојано мораше да лавира меѓу бескопромисните комунисти на левото крило и конзервативните политичари лојални дури на Ватикан, како Андреоти, на десното.

Оваа на подолг рок ионака неодржлива пат позиција во распределбата на силите е клучниот проблем и кога се разгледуваат опциите за понатаму. Враќањето на Силвио Берлускони, медиумскиот магнат кој политиката ја гледа како средство за лично богатење и промоција – би било секако најлошата варијанта. Проди штотуку успеа да внесе темелни позитивни промени во италијанското општество. Така даночните малверзации забележаа значително намалување. Економијата дојде во фаза на подем, а ТВ станиците станаа помалку униформирани и еднострани во полза на Берлускони. И надворешната политика на Италија стана по-европска. Но, токму за таа успешна политика нема доволно мнозинство во парламентот. Можеби би можеле некои христијански демократи да му пружат поддршка на Проди, барем привремено.

Иделано решение меѓутоа би било кога таа поддршка би се преточила во зедничко владеење на умерената левица и умерената десница – на кусо голема коалиција. Тоа би помогнало и за разрешување на системските проблеми што го мачат италијанското општество, како на пример подобрување на изборниот систем и реформа на социјалните системи. Но, таквата коалиција се чини далечен сон – се‘ додека во десницата главниот збор го има Силвио Берлускони.

Она што останува како пореална опција, тоа е обнова на коалицијата на партиите од левицата и центарот. Тоа би било решение во склад со старата лоша традиција на нестабилни влади во Италија. Но, меѓу многубројните лоши опции, ова е можеби сепак една од подобрите!