1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Шпанците ќе штедат

13 мај 2010

По Грција, сега тешки времиња ги чекаат и Шпанците: со цел да го намали буџетскиот дефицит, шпанската влада најави редица мерки за штедење.

https://p.dw.com/p/NMJb
Фотографија: picture-alliance

Државните трошоци на Шпанија треба да се намалат за најмалку шест милијарди евра. Платите на вработените во државната администрација наредниот месец ќе бидат намалени за пет проценти и ќе останат на тоа ниво и во наредните години. Освен тоа, уште во текот на оваа година ќе бидат укинати 13.000 работни места во државните институции.

Враќање на довербата во шпанската економија

Jose Luis Rodriguez Zapatero
Запатеро воведува мерки за штедењеФотографија: AP

Со овој пакет-мерки државниот дефицит до 2011 година треба да се намали за шест проценти. Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро во парламентот во Мадрид истакна: „Мерките за штедење се потребни за да се намали дефицитот и да се поврати довербата во шпанското стопанство. Освен тоа, сакаме да придонесеме и за финансиската стабилност во еврозоната. Таа наложува намалување на државните трошоци за 15 милијарди евра во 2010 и 2011 година.“

Автор: ТТ/СН/дв

Редактор: Симе Недевски