И Полска сноси вина за измачувањата на ЦИА
24 јули 2014Судиите заклучија дека полските власти ѝ помогнале на американската тајна служба ЦИА во 2002 година при апсењето на двајца мажи на една воена база на североистокот на земјата. Со тоа соработниците на ЦИА имале можност на територија на Полска да ги измачуваат, денес 43 и 49 годишните тужители. Властите во Варшава според мислењето на судиите од Стразбур исто така толерирале, ЦИА да ги одведе мажите во затвореничкиот логор Гванатанамо на Куба. Таму на мажите им се закануваа натамошни измачувања.
Конкретно, судиите пресудија дека Полска ги прекршила во европската конвенција за човекови права пропишаната забрана за измачувања и правото на слобода. Со ова се смета дека Полска сноси дел од вината.
Варшава постојано негираше дека постојат нелегални затвори на нејзина територија. САД меѓутоа признаа дека осомничените борци на Ал Каеда биле испрашувани вон земјата. Но, САД досега не соопштија за која територија станува збор. Пред судот се изнесени и слични случаи од Романија и Литванија.
Мажите - еден од Саудиска Арабија и еден Палестинец, кои ја тужеа Полска по шест и девет месеци затвор биле однесени во Гвантанамо. Таму тие лежат затвор до денес. До сега тие не се изведени пред американски суд.
Судиите од Стразбург ѝ наложија на Варшава на Абу Зубајех од Саудиска Арабија да му исплати 100.000 евра, а на Палестинецот Абд ал-Рахим ал Нашири 130.000 евра отштета за претрпена болка.